Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид го коментираше првиот настап на тинејџерот Жоао Феликс кој импресионираше против Хетафе во првото коло.

Феликс има 19. години, за 126 милиони евра дојде од Бенфика, против Хетафе одигра фантастично добро, го претрча целиот терен, помина неколку играчи и врз него беше направен пенал.

„Првиот натпревар во сезоната е секогаш тежок. Игравме против екипа која одлично го покриваше теренот и беа добри во одбраната. Не оставаа простор за игра, Феликс имаше проблеми во нападот но покажа што се може да направи, се надевам дека ќе покажува и повеќе  и подобро. Тој мора да работи многу и ќе напредува“ – изјави Симеоне.

За Феликс почнува да се создава еуфoрија, го споредуваат Роналдо а тоа очигледно Симеоне сакаше да го „амортизира“.