Атлетико Мадрид не успеа да ја потврди фаворитската улога на гостувањето кај Валјадолид , натпреварот заврши 0:0, домаќинот не реализираше пенал а „јорганџиите“ сега се на три бода негатива во однос на лидерот Реал Мадрид.

„Сум видел дека Мората и Коста функционираат заедно и тие ја имаат мојата полна поддршка. Валјадолит се бореше храбто. Ни го затворија пристапот од крилните позиции и тоа беше проблем. Во моментов сме многу блиску до позицијата која ја посакуваме и планираме.“ – изјави Симеоне.

Оваа изјава не им се допадна на навивачите на Атлетико Мадрид кои се почесто бараат Мората и Коста да не бидат во исто време на теренот.