Атлетико Мадрид и Ливерпул во борба за четвртфинале во Лигата на шампионите. Фудбалската магија на елитниот меѓународен фудбал продолжува.

Дуелот меѓу Атлетико и актуелниот клупски европски првак Ливерпул, треба да донесе добар фудбал, Диего Симеоне е убеден дека со помош на навивачите неговата екипа може до добар резултат.

„Овој Ливерпул секако ќе добие посебно место во историјата на фудбалот, играат неверојатно, знаат да се адаптираат на секој противник, играат неверојатен фудбал, ние со по мош на нашите навивачи знаеме дека можеме да дојдеме до добар резултат. Оптимист сум, кога ке започне натпреварот, се може да се случи“ – изјави Симеоне.

Средбата во Мадрид, Атлетико – Ливерпул, започнува од 21 часот.