Атлетико Мадрид вчера во самиот финиш испушти шанса да обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони, па по ремито против Баерн, „јорганџиите“ следната ги недела ги чека клучниот натпревар против директниот конкурент во групата Салцбург.

Одигравме брилијатно прво полувреме против Баерн. Дури и во првите 15-20 минути во вториот дел стоевме добро и ја контролиравме топката. Тогаш дојде пеналот...“, изјави  тренертот на Атлетикот Диего Симеоне, анализирајќи го мечот против Баерн Минхен, во кој шпанскиот клуб водеше до самиот финиш за на крајот да освои само бод .

Сега не чека пресметката со Салбург. Ни претстои големо финале против нив. Тие играат добро и нема да биде нималку лесно“, истакна Симеоне.