Екипата на Атлетико Мадрид речиси цела сезона е лидер во Шпанската Примера , но на крајот може да биде најголемиот губитник и да остане без титулата во Шпанското фудбалско првенство.

„Јорганџиите“ вчера ремизираа на тешкото гостување против Барселона и останаа на првата позиција барем до вечер , кога својот меч ќе го одигра Реал Мадрид кој ја пречекува Севиља на домашен терен во последниот меч од 35.коло.

Диего Чоло Симеоне и самиот е свесен дека е пропуштена голема шанса уште пред некое коло неговиот тим да ја освои титулата и дека сега веќе ништо не зависи од нив, туку од Реал.

“Не, немам намера да го гледам тој натпревар. Ќе бидам во тоа време со семејството на вечера. Јас обично не следам натпревари на ТВ, просто не уживам во нив. Кога нешто не зависи од мене или од мојата екипа не вреди да гледам“ посочи Симеоне.