Атлетико Мадрид денеска до 16:15 гостува кај Барселона во натпревар од 35 коло од Ла лига. Дербито на „Камп Ноу“ може да се покаже како клучно по амбициите на двата тима во трката за титулата.

„Никогаш не сме победиле тука? Се вели дека во животот за се има прв пат. Можеби ова ќе биде прв пат и за мене. Ова не е меч на Суарез против Барселона, целата екипата ќе мора да даде максимални напори за да дојдеме до посакуваниот резултат. Менталната сила е најважна и тука мора да се докажеме.“ – изјави тренерот на гостите, Диего Симеоне.

Атлетико Мадрид во дуелот со Барса влегува од лидерската позиција на табелата со два бода предност.