Диего Симеоне во летниот преоден рок имал желба во своите редови да го доведе Лионел Меси. Кога се дозна дека аргентинскиот напаѓач заминува од Барселона, тренерот на Атлетико Мадрид се обидел да провери какви се шансите неговиот сонародник да дојде во Мадрид.

За тоа го искористил Луис Суарес, на кого му дал насока да го повика Меси, со кого со години беа соиграчи во Барселона и да испита дали постои интерес да пристигне кај шпанскиот шампион.

„Не го повикав Лео, но го повикав Луис да го праша да е и дали му се допаѓа идејата и дали постои најмала шанса да ојде во Атлетико. Вкупно се траше три часа, ПСЖ веќе порано имеше одлучено дека ќе го доведе“- изјави Симеоне и додаде:

„Никогаш не се појавила шанса да соработувам со Меси. Пред заминувањето во ПСЖ беше во Барслеона, а јас во Атлетико, а се немаме сретнато ниту како играчи во аргентинската репрезентација.“