Атлетико Мадрид прв пат прими три гола како домаќин во натпревар од Лигата на шампионите под водство на Диего Симеоне. Луверпул успеа на Ванда Метрополитано со 2:3.

„Беше тоа тежок меч против одлична екипа. Тие обично постигнуваат многу голови, но овој имаа и среќа. Почнаа со голем интензитет и имаат среќа да постигнат два гола од два обида. Ние не полчнавме како што сакавме, но откако го постигнаа вториот гол, работите тргнаа на подобро за нас. Успеавме да израмниме и имавме доволно шанси за целосен пресврт, но нивниот голман беше одличен“– истакна Симеоне и додаде:

„Не заслуживме да загубиме. Ги натеравме да се бранат како што ретко мораат во некои други натпревари.“

Тренерот на Атлетико доби критики од британските медиуми затоа што после поразот побегна во тунелот и избегна да се ракува со Јирген Клоп.

„Не го поздравувам секогаш тренерот на другиот тим после меч затоа што тоа не ми се допаѓа. Не е здраво ни за победникот ни за поразениот. Јас на тоа мислам така. Но сега, кога ќе го видам, ќе го поздравам без проблем.“