Вистинска сензација предизвика информацијата на Tuttomercatoweb, околу смена на тренерите во два топ европски клуба.

Имено, според сознанијата на овој извор, Челзи размислува за смена на тренерската позиција во екипата. Раководството на клубот ќе се обиде на местото на Френк Лампард да го донесе Диего Симеоне, кому инаку му се клати столчето во Атлетико Мадрид и може да се случи да добие отказ на крајот на сезоната.

Ова е втор пат Челзи да размислува за ангажманот на Аргентинецот, откако првиот пат се откажа поради тоа што Симеоне не го знае англискиот јазик.