Интер е подготвен за првото големо дерби против Јувентус во Серија А, откако на кормилото го донесе Симоне Инзаги.

Замената на Конте, уверува дека може да се оствари добар резултат.

„Сезоната е на почетокот секој натпревар е важен, но особено ваквите кои се соочуваат клубови со високи амбиции. Ги почитувам, но исто така можам многу да зборувам и за Наполи и Милан. Знаеме што не очекува, ќе играме пред нашите навивачи. Мора да одиграме добар натпревар.“ – изјави Инзаги.

Дербито меѓу Интер и Јувентус се игра во вечерниот термин од 20:45.