Тренерот на Силекс, Горан Симов ја превзеде одговорноста за поразот од Дрита, екипата од Кратово загуби со 2-0, одигра анемично и беше безопасна по голот на косоварите.

Симов е дециден, екипата се „плашела“ да победи, вината за поразот е негова.

Не влеговме во натпреварот како што треба, моја е вината за поразот бидејќи јас сум тој кој  требаше да ја издигнам екипата, бевме агресивни но  немавме никаква идеја,  ова е најлошиот натпревар на Силекс откако сум на клупата“ – изјави Симов.