Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави скратниот список на ракометарки за бараж дуелот со Романија во битката за пласман на СП во Шпанија.

Симовски одреди 20 ракометарки кои ќе конкурираат за првиот тим на Македонија за дуелот со Романките.

Собирот на ракометарките е закажан за 14 април во Скопје, против Романија на гостински терен играме на 17 април а реваншот во Македонија е закажан за 21 април во истиот термин од 17 часот.