Откако стана јасно дека натперварите во ПМФЛ и во ВМФЛ како и предвидените на репрезентативено ниво ќе се играат без публика најмалку до 11 април, од Синдикатот на фудбалери излегоа со апел и препорака до ФФМ со кој бара одложување на сите натпревари во следните 14 дена.

„Синдикатот на фудбалери на Македонија упатува АПЕЛ до цела фудбалска јавност, со препорака до Фудбалска Федерација на Македонија да сите закажани официјални и ревијални натпревари во наредните 14 дена во нашата држава се ОДЛОЖАТ. Секако овој наш апел произлегува од влошената состојба со COVID 19 вирусот во нашата држава. Непочитувањето на оваа наша препорака ќе доведе до можни несакани последици, кои што непотребно ќе ги стави во ризик сите фудбалери и фудбалски работници, како и пошироката јавност. Исто така апелираме до сите клубови во нашата држава да ги превземат сите мерки на претпазливост при одржувањето на тренинзите. Да се следат сите напатствија дадени од надлежните здравствени институции и организации, а доколку истите се прекршат ќе бидеме приморани да реагираме соодветно на сторениот прекршок пред надлежните институции. Се надеваме дека во наредниот период оваа состојба ќе се промени на подобро како сите би можеле повторно непречено да продолжиме со секојдневните активности.“ – соопштуваат од Синдикатот на фудбалери.