Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ е во потрага по нов центарфор, а неговиот прв избор е екс напаѓачот на Јувентус Марио Манџукиќ.

Српскиот тренер засилено бара ново име во нападот, откако Болоња остана за подолго време без Федерико Сантандер, кој има повреда на коленото.

Хрватскиот напаѓач е без клуб, а италијанските медиуми наведувааат дека тој би сакал да се врати во Серија А, каде одигра 126 натпревари за Јувентус и постигна 44 голови.