Болницата Policlinico Sant’Orsola објави дека тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, се врати дома, по антивирусната терапија на леукемијата.

Михајловиќ, кој ја продолжува борбата со подмолната болест, пред извесно време беше итно хоспитализиран и не беше во можност да го води својот тим на неколку средби.

Господинот Михајловиќ денеска наутро го напушти институтот за хематологија „Сераньоли“, откако се добиени добри резултати од назначената антивирусна терапија. Неговата состојба е многу добра“, се вели во соопштението на болницата.

Засега е непознато дали Михајловиќ ќе успее да се врати на работа до утрешната средба против Рома.