Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се реши да се врати во болница, пишуваат медиумите од Србија, Болоња е без првиот тренер во моментов.

Михајловиќ ќе оди во изолација во болница во Рим, во главниот град на Италија помал е бројот на заболени од Коронавирусот, со оглед на неговата борба со леукемијата не сака да ризикува ништо и се решил на ваков чекор.

Серија А е во прекин, Болоња нема да одржува тренинзи, се очекува тој пример да го следат и останатите клубови.