Прес службата на Болоња потврди дека во петок од 11 часот ќе биде одржана прес конференција на стадионот „Реноато Далара“.

Синиша Михајловиќ ќе се појави пред новинарите за прв пат по 13 јули кога јавно соопшти дека боледува од леукемија. Тренерот на Болоња ќе биде придружуван од лекарите кои се грижеле за него во болницата Орсола.

Ова е добра вест за сите симпатизери на тренерот на Болоња, но и на овој клуб откако веќе е познато дека Михајловиќ добро закрепнува и наскоро ќе може во целост да му се посвети на фудбалот.