Како што пишува во денешното издание „Corriere dello Sport“ , поради тешка болест  Синиша Михајловиќ ја прекинува тренерската кариера на 50. годишна возраст.

Михајловиќ ја спаси Болоња од испаѓање, го продолжи договорот со клубот до 2022 година, но поради тешка болест ја завршува кариерата.

Во насловот на „Corriere dello Sport“ стои „НАПРЕД СИНИША“ , се наведува дека му претстои најголемата битка во животот но нема детали за каква болест станува збор.

Според овој извор, Синиша Михајловиќ денеска на прес конференција ќе соопшти детали за ситуацијата во која се наоѓа.