Српскиот тренер Синиша Михајловиќ кој пред неколку дена соопшти дека боледува од леукемија, објави писмо во јавноста напоменувајќи дека ја започнува животната борба.

„Постојат моменти во животот кога се соочувате со противник кој тешко може да го победите и со проблем кој тешко се решава. Дојдов до тој момент, но за среќа не сум сам, имам огромна поддршка. Во овие неколку дена примив море симпатии, солидарност, позитивна енергија кои ми дава неверојатна сила и сигурност дека ќе ја добијам битката против леукемијата.

Примив илјадници пораки, сите ги прочитав, за мене претставуваат грижа, прегратка и баш ме погодија. Беше и тешко, им се извинувам на сите што не им одговорив. Одлучив вака преку Газета.

Им благодарам на претседателите на клубовите за кои се борев како играч, но и како тренер, како и на оние кај кои никогаш не бев член, за убавите зборови. Им благодарам на поранешните соиграчи, како и на ривалите со кои и против кои играв, за големата поддршка.

Им благодарам и на навивачите во сите бои, и оние кои ме исвиркуваа и навредуваа, сега ми пишуваат да се борам. Благодарен сум им и на пријателите кои ги стекнав за време на кариерата, но и на сите непознати луѓе кои ме познаваат и знаат каков човек сум. Од претседателот на државата до писма во кои момче ми нацрта насмевка, сите сте важни.

Ви благодарам уште еднаш, времето на солзи е завршено, сега е време за борба. Се гледаме наскоро.“ – напиша Михајловииќ во отвореното писмо објавено во „Gazetа delo Sport”.