Синот на тренерот на Јувентус Андреа Пирло, на Инстаграм објави подолг пост во кој открива дека нему и на неговиот татко секојдневно им се закануваат со смрт.

Во објавата 17 годишниот Николо Пиело приложува и скриншот од порака во која пишува: „Мораш да умреш заедно со твојот татко.“

„Постои граница за се, а таа веќе некое време е премината. Имам 17 години и секој ден примам пораки со ваква содржина, не затоа што сум направил нешто лошо. Мојата единствена вина е што сум син на тренер кој веројатно, како и што треба да биде, на некого не му се допаѓа, Секој ден добивам пораки во кои ме навредуваат и ми посакуваат смрт. Ставете се на момент на моето место и кажете како би се чувствувале“– напиша Николо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NICOLÓ PIRLO (@nickpirlo_10)

Андреа Пирло во првата сезона на клупата на Јувентус ќе остане без Скудетото, титулата која Старата дама ја освојуваше минатите девет години. Од Лигата на шампионите изненадувачки испадна од Порто, но го освои италијанскиот Суперкуп и има шанса да го освои вториот трофеј на втори мај, кога во финалето на Купот игра со Аталанта.