Македонија го доби најтешкиот можен противникот во баражот за пласман на Светското првенство. За пат во Катар, нашата селекција ќе игра полуфинале против актуелниот европски првак Италија.

Италија каде настапуваат нашите Елиф Елмас, Илија Несторовски и големиот Горан Пандев. Токму последниот е клупски колега со репрезентативниот голман на Азурите, Салваторе Сиригу.

А голманот пред медиумите се пошегува дека за бараж мечот разговарал со Пандев, но не дознал ништо за Македонија.

„Тој натпревар ќе биде голем предизвик за Италија. Разговарав со Пандев, но не сакаше да ми помогне, не ми одговори ништо“– вели Сиригу.