Мохамед Сисоко пред една седмица објави дека по крајот на сезоната ќе ја заврши фудбалската кариера, а за „Дејли Меил“ даде мислење околу ситуацијата на Пол Погба.

„Мислам дека ќе се врати во Јувентус, поради работите како што се наоѓаат во моментот. Се ми укажува дека тој ќе ја напушти Англија и Манчестер, а Јуве е клуб кој многу добро го познава и во кој беше почитуван додека го носеше нивниот дрес“-изјави Сисоко.

Сисоко во својата кариера ги носеше дресовите на Ливерпул и Јувентус, а според него овие два тима ќе се најдат во финалето од Лигата на шампиони сезонава.

„Мислам дека Јувентус е најкомпактна екипа. Покриени се на сите позиции. Тие имаа уникатни играчи. Ливерпул има атомски напад и млади фудбалери кои се иднината на клубот. Очекувам и сакам Јуве и Ливерпул да играат во финалето од Лигата на шампиони“-дополни Мохамед.