Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче изјави дека нема да се прават никакви отстапки за фудбалерите и навивачите кои доаѓаат од Италија за мечот меѓу Македонија и Косово во рамки на Лигата на нации.

За Македонија од Италија ќе пристигнат Горан Пандев, Илија Несторовски и Елиф Елмас кои ќе бидат скрининзи за коронавирусот.

Ќе ги чекаме препораките од италјанските здраствени власти, да видиме какви заострени мерки се превземени за разлика од досегашната пракса. Ќе мора сите гости од Италија да поминат на скрининзи на аеродромите или граничните премини. Нема отстапување од тоа што е препорачано од Комисијата за заразни болести“-изјави министерот Филипче.

Овој дуел е од круцијална важност за нашата селекција, бидејќи со победа ќе бидеме на само еден чекор од пласман на ЕП во 2020 година.