Една од најатрактивните фудбалски судијки во регионот доаѓа од Босна и Херцеговина. Станува збор за Канита Баракавиќ. Таа суди на натпреварите во првата и втората лига во тузланскиот кантон.

Бараковиќ го привлекува вниманието на јановста, па сега даде интервју за еден босански медиум и откри дека како мала сакала да се занимава со фудбал, но се останало само на желба, бидејќи играњето женски фудбал се уште е непопуларна спортска активност во нејзината земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KANITA BARAKOVIĆ (@kaniiita_b)

После тоа кај Канита се јавила желба во фудбалот да стане судија, иако вели не и е лесно, па неколку пати планирала и да се откаже од судењето.

„Се трудам да ги паметам само позитивните работи од натпреварите, но неретко се случуваат и лоши сцени. Често сум жртва на непримерни коментари на разни луѓе, дел од самиот терен, но и од трибините. Од класични дофрлувања до навистина гадни зборови и пцовки, неминовно е да се наслушам се. На почетокот ми беше тешко тоа да го прифатам и често размислував и за напуштање на оваа работа. Меѓутоа, сфатив дека секој може да се откаже и дека сум многу посилна од нивните фрустрации кои се обидуваат да ги излечат на таков начин. Најдобар начин е едноставно да ги занемарите таквите луѓе и коментари“– вели Бараковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KANITA BARAKOVIĆ (@kaniiita_b)