Забележителен успех постигнаа екипите од Премиер лигата и од Ла Лига, 14 на број, кои учествуваа во групните фази и кои обезбедија плеј-оф во европските натпреварувања.

Во Лигата на шампионите во групната фаза учествуваа Манчестер Сити, Тотенхем, Ливерпул и Челзи од Премиер лигата, како и Реал, Барселона, Атлетико и Валенсија од Ла Лига и сите обезбедија плеј-оф.

Истото се случи и во групната фаза на Лига Европа, каде настапија Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вулверхептон од Премиер лигата и Гетафе, Севиља и Еспањол од Ла Лига. Сите обезбедија плеј-оф.

На екипите од Ла Лига ова им се случува петти пат по ред, на тие од Премиер лигата прв пат.