Манчестер Сити беше упорен да го донесе Ријад Марез во своите редови од Лестер, конечно успеа во 2018 година за сума од 60 милиони евра и тогаш го направи најскапиот играч во клупкста историја.

Марез сепак главно е резерва кај „граѓаните“, добива минутажа на речиси секој натпревар но ретко е меѓу почетните 11 во тимот.

Гвардиола не е загрижен, го теши Марез и му вели да биде опуштен.

„Марез во Лестер беше навикнат да игра постојано, овде конкуренцијата е огромна, тој е многу упорен и тоа одлична карактеристика, дел е од екипата и се разбира дека сметам на него“ – изјави Гвардиола.

Марез во првото коло во Лигата на шампионите постигна еден гол и асистираше  против Шахтјор во победата од 3-0 и сега очекува да биде стартер во Премиерлигата за Сити.