Манчестер Сити има план да го купи Лаутаро Мартинез од Интер, ова го тврди Скај Спорт од Велика Британија.

Клубот од Манчестер доби дозвола за настап во Лигата на шампионите и има сериозна намера да се засили за следната сезона.

Пеп Гвардиола тргна по Лаутаро Мартинез, има понуда од 108 милиони евра, со тоа ќе и ги расипе плановите на Барселона која веќе го гледа Аргентинецот во своите редови.

Сити доколку успее да го донесе Мартинез од Интер ќе го сруши клупскиот рекорд кој сега изнесува 76 милиони евра, толку платија за Кевин Де Брујне.