Жоао Кансело го напушта италијанскиот фудбалски шампион Јувентус и е пред трансфер во Англија,поточно во тимот на Манчестер Сити.

Кансело не е во плановите на новиот тренер на Јувентус Маурицио Сари, па 25-годишниот дефанзивец е ставен на трансфер листата.

Манчестер Сити е најзаинтересиран за неговите услуги, а според пишувањето на италијанските медиуми преговорите се во завршна фаза.

Сити на „старата дама“ ќе плати околу 50 милиони евра за трансферот. Кансело во Јувентус дојде минатата сезона од Валенсија за 40 милиони евра и одигра 34 натпревари во кои постигна еден гол, а имаше и пет асистенции.