Бразилецот Габриел Жезус има нова понуда од Сити да го продолжи договорот, сега клубот од Манчестер му нуди 120.000 фунти неделна плата за продолжување на соработката.

Ккао што тврди САН од Англија, иако Жезус има уште три години договор со Сити, клубот од Англија сака продлжување на соработката за да го откажат Јувентус од намерата да го убеди Бразилецот на преселба во Италија.

Жезус има 23 години, според информациите на САН тој заработува 90.000 фунти неделно, сега има подобра понуда.

Бразилецот од Палмеирас во Сити дојде во 2017 година, Јувентус агресивно настапува на трансфер берзата но клубот од Манчестер сака да го елиминира шампионот на Италија во трката за потпис на Жезус.