Манчестер Сити и Ливепрул на Вембли ќе се борат за трофејот од „Комјунити шилд“ мечот кој не му е баш по кејф на Клоп.

Пеп Гвардиола за овој натпревар нема да може да смета на Лапорте, Фернандињо, Менди и на Данило. Ова е сериозен проблем за „Граѓаните“ кои денеска отпатуваа за Лондон со цел сезоната да ја отворат со победа против најголемиот ривал за титулата во Премиер лигата.

Манчестер Сити на последното соочување со Ливепрул победи со 2:1 но на последните пет севкупно има три порази, едно реми и еден триумф.