Ливерпул е нов шампион на Англија, Сити е симнат од престолот на Премиерлигата, но клубот од Манчестер сезонава запиша невројатен рекорд.

Станува збор за двоцифрениот број на постигнати голови на вкупно пет играчи, со победата против Њукасл од 5-0, успеа да стигне до рекорд кој засега никој го нема во Премиерлигата.

Сити има пет играчи со двоцифрен број на постигнати голови, Кун Агуеро има 16 гола, Рахим Стерлинг 14, Габриел Жесус и Кевин Де Брујне по 11, додека Ријад Марез стигна до десет.