Најбараниот дефанзивецот во моментов е пред трансфер во радовите на италијанскиот првак. Ова го тврди Скај Италија.

Матјс Де Лихт според договорот ќе заработува по 12 милиони евра по сезона од кои четири милиони се врзани со настапите на стоперот и успесите на клубот.  Ќе потпише петгодишен договор во кој ќе има вметнато откупна клаузула од 150 милиони евра.

Следен чекор за реализација на трансферот е постигнувањето согласност меѓу Ајакс и Јувентус околу сумата која ќе треба да ја плати „старата дама“  за ангажманот на репрезентативецот на Холандија.