Еден од најбараните играчи летово е Матијс Де Лихт од Ајакс, неизвесноста завршува каде ќе продолжи, според „Sky Italia“  Холанѓанецот вечерва потпишува за Јувентус.

Сите детали се договорени, Јувентус ќе плати 75 милиони евра плус бонуси на шампионот на Холандија, се претпоставува дека Де Лихт ќе биде најскапиот стопер на денешницата, има само 19 години.

Истовремено „Sky Italia“ тврди дека Де Лихт ќе допатува вечерва во Торино, утре ќе оди на медицински прегледи и ќе му се приклучи на Јувентус на подготовките.