Директорот на Фиорентина, Даниеле Праде е уште еден во низата на заболени од КОВИД-19, открива „Скај Спорт Италија“.

Виола престана да ги именува членовите на персоналот или фудбалерите кој се заразени со коронавирус, а минатата седмица имаше  имаше шест нови случаи кои беа објавени пред почетотокот на тренинзите минатата седмица. Меѓу нив имаше тројца играчи и тројца членови на персоналот чии идентитети не беа објавени.

„Скај Спорт Италија“ преку Твитер потврди дека тие ќе направат интервју со директорот на Фиорентина, Праде, кој ќе даде одговор на шпекулациите.