Како што тврди „Скај Италија“ , Јувентус потврдил колку бара за Марио Манџукиќ кој е на трансфер листата кај „старата дама“.

Според овој извор, Јувентус бара меѓу 25-30 милиони евра  и со сигурност ќе прифати таква понуда. За Манџукиќ имаше интерес од Баерн Минхен, Атлетико Марид но и Борусија Дортмунд.

Јувентус ќе се ослободи од младиот Моисе Кин, тој ќе оди на позајмица,  Сари има уште еден напаѓач вишок, клубот за засилувања потроши над 150 милиони евра.