Вечерва Скај Италија објави детали од договорот на Рома со Жозе Мурињо, Португалецот ќе добива помала плата од онаа што ја имаше во Тотенхем, клубот од Англија ќе плаќа дел од годишната заработувачка на Португалецот.

Мурињо се враќа во Италија по 11 години, сега кај Рома со годишна плата од 7 милиони евра, кај Тотенхем заработуваше 16 милиони.

Тотенхем ќе плаќа дел од примањата на Мурињо кај Рома во првата сезона, ова го тврди Скај Италија, според нивните информации клубот од Лондон ќе плати 9 милиони првата сезона, тоа значи дека Португалецот ќе ги има сите 16 милиони како годишна плата.

Мурињо потпишал договор со Рома на три години.