Џек Грилиш е пред портите на Манчестер Сити, јавува Скај Спорт. Граѓаните за 25 годишниот играч од средниот ред понудиле 100 милиони фунти, односно 117 милиони евра.

Скај Спорт пишува дека Астон Вила речиси сигурно ќе ја прифати таа понуда, иако пред неколку дена му понудија нов договор.

Така трансферот на Грилиш би станал најголем во историјата на англискиот фудбал. Досегашниот рекорд го држи Пол Погба, кој од Јувентус пристигна во Манчестер Јунајтед за 89 милиони фунти во 2016-та година.

Претходно Сити иста сума понуди и за Хери Кејн, но таа понуда беше одбиена од Тотенхем и покрај желбата на играчот да го напушти клубот. Скај пишѕува дека тешко е да се очекува дека Сити сега ќе има доволно пари за доведување на Кејн, освен ако не продадат неколку првотимци.

Грилиш за првиот тим на Астон Вила игра од 2012 година, а во 213 меча има 32 гола. За англиската репрезентација досега има 12 настапи.