Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има составено листа со тројца потенцијални кандидати од кои еден би го наследил Џенаро Гатузо на менаџерското столче, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Гатузо кој се очекуваше да потпише нов договор и да остане во Наполи, се чини дека сепак ќе го промени клубот ова лето, па Елиф Елмас и соиграчите ќе добијат нов шеф на стручниот штаб.

Де Лаурентис размислува кој да биде наследникот на Гатузо. Во игра за Лучијано Спалети, тренерот на Лил, Кристофер Галтер и Виченсо Италиано кој има одлична сезона во Специа.

Наполи утре го дочекува Каљари во 34 коло од Серија А со амбиција за трета победа во низа.