Според сознанието на Sky Sports, напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, дефинитивно ќе остане во Барселона, најмалку до крајот на неговиот сегашен договор, кој е валиден до 2021 година.

Изворот тврди дека инцидентот со директорот Ерик Абидал е ублажен, по личната средба на претседателот Бартомеу со Меси.

Се тврди дека Меси е подготвен и за продолжување на договорот, но според шемата која ја кажа претходно, односно година за година.

Барселона, пак, би сакала повеќегодишен договор и се надева дека ќе го реализира, по разговорот со таткото на Меси и неговиот агент, Хорхе.