„Скај Спорт“ од Италија направи листа од 10 играчи кои можат да бидат пријатно изненадување во калчо лигата сезонава, нашиот репрезентативец , Илија Несторовски е меѓу топ кандидатите.

Несторовски сезонава потпиша за Удинезе  и се враќа во Серија А, престижниот „Скај Спорт“ им сугерира на играчите од „Фантакалчо“ позната фантази игра со години популарна во Италија да го одберат во тимот нашиот репрезентативец  и да освојуваат бодови.

Илија Несторовски почна да ги тресе противничките мрежи во дресот на Удините. Нашиот репрезентативен напаѓач постигна два гола на вчерашната контролна средба со нисколигашот Кјарлинс во победата од 7:0. Се надеваме дека ова е само почеток од успешната приказна на Несторовски во Удине.