Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд, демонстрираше брзина на врвен атлетичар на осминафиналната средба во Лигата на шампионите со ПСЖ.

Според мерењата на Sky Sports, Халанд при еден напад претрча 60 метри за само 6,64 секунди, што е само три десетинки од секундата послаб резултат од светскиот рекорд на 60 метри, кој пред две години го постигна Американецот Крис Кулман, 6,34.

Исто така, Халанд стана прв фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој во една сезона погоди за две екипи, Салцбург и Борусија. Тоа до оваа сезона беше забрането.