Аргентина разочара во првите две кола на Копа Америка, освои само бод   против Колумбија и Парагвај, сламката на спасот се вика Катар во последното коло.

Селекторот на Аргентина, Лионел Саклони е свесен за позицијата во која се наоѓа неговиот тим, натпреварот со Катар мора да се добие ако сакаат да одат во следната фаза од натпреварувањето.

„Имаме среќа што сеуште сме живи, тоа ни дава надеж да се бориме  и победиме против Катар. Имав проблеми со повредени играчи, Парагвај не шокираше со голот, ние нереагиравме како што треба“ – изјави Скалони.

Аргентина само со победа над Катар во третото коло ќе го продолжи настапот на Копа Америка.