На млади фудбалери од Африка им било нудено за сума од околу 1000 евра можност да играат во Европа, поконкретно во пониско рангираните лиги.

Во целата скандалнозна шема за злоупотреба на податоци на поединци и на клубови се злоупотребени се Македонија ЃП и поранешниот тренер на овој клуб, Александар Таневски.

Од Синдикатот на фудбалери на Македонија, потврдија дека станува збор за развиен систем со кој се намамуваат млади играчи од кои се бара одредена сума, 250 веднаш и уште 750 евра во зависност од клубот по наводното пристигнување во Европа но и во други земји (има случаи и за фудбалери со наводен трансфер од една во друга земја во Африка.)

„Денес добивме информација од ФИФПРО дека некој го злоупотребува името и презимето на г-дин Александар Таневски.Во негово име се испратени дописи до играчи од Зимбабве и други африкански држави како покана за тестирање во клубот ФК Македонија Ѓорче Петров.Сакаме да ги информираме нашите играчи,сите клубови во Македонија,нашите тренери и менаџери добро да ги заштитат своите податоци и добро да внимаваат за да не биде злоупотребено нивното име и реноме во иднина.“ – велат од синдикатот на фудбалери на Македонија.

Во дописот со лажирани податоци, стои дека предвидена е фудбалска програма во трениг центарот на Македонија ЃП која ќе започне од 10 февруари и ќе трае две недели. Македонија ЃП ќе ги покрие сите трошоци за сместување и за патување.

Претседателот на СФМ, Панче Ќумбев за Дриблинг.мк потврди дека за целиот случај со злоупотребата се добро запознаети во ФИФ-Про и се очекува осуда на ваквиот начин да делување во фудбалот.

Александар Таневски за Дриблинг.мк посочи дека  е втор пример со злоупотреба на неговото име и ги предупредува сите од фудбалскиот круг во Македонија да внимаваат.

Очигледно е дека станува збор за добро организиран криминална група на луѓе кои на туѓ грб се обидуваат да заработат пари.Во модерниот фудбал често пати сме сведоци на ангажман на фудбалери за кои не се знае ниту вистинската возраст и минато.

Во целата мешаница во која се вклучни лажни агенти и злоупотребени генералиите на одредени клубови и фудбалски тренери и фудбалери, страдаат оние кои немаат никакви допирни точки со вакви и слични делувања во изместениот вредносен систем во најпопуларниот спорт.

Внимавајте каде ги внесувате вашите податоци кои очигледно е дека може да бидат злоупотребени, консултирајте ги официјални служби и гледајте на работите со резерва затоа што фудбалот оддамна не е само спорт, туку и бизнис во кој „горат“ невнимателните.

Останува да видиме дали надлежниот сектор во МВР ќе поведе истрага во врска со оваа злоупотреба.