Дан Петреску, тренерот на романски Клуж, својата прва измена ја направи веќе во 25-тата секунда од натпреварот со Газ Метан.

Имено, средбата ја почна со 18-годишниот Разван Алин Фика, а по само 25 секунди го замени со Константин Паун Александру.

Иако наизглед оваа замена е нелогична, се работи за трик што го користат романските тренери за да заобиколат едно од новите правила воведени во романскиот фудбал. Имено, летоска беше решено дека во стартната постава во романското првенство мораат да се најдат барем двајца фудбалери помлади од 21 година, а тоа на многу од тренерите не им се допадна.

Еден од најгласните беше токму Петреску, кој изјави дека не може да подготви млад фудбалер со неколку минути минати на теренот.