Ливерпул ја  „хакирал“ листата на скаути на Сити во 2013 година, клубот од Манчестер тоа го открил кога ангажирал компјутерска служба за контрашпионажа, пишува угледниот „The Times“.

Според  „The Times“  Ливерпул во 2013 година му платил на Сити еден милион фунти во вонсудска спогодба скандалот да не дојде до јавноста.

Двата клуба во 2013 година се сложиле да го сокријат овој скандал, а интересно е тоа што три скаути на Сити една година претходно потпишале договор со Ливерпул.

Дејв Фелоус кој сега е главен скаут на Ливерпул, Џулиан Вард беше скаут на Ливерпул за Шпанија и Португалија и Мајкл Едвардс, во моментов спортски директор кај Ливерпул, повеќе стотина пати го прегледувале системот за следење на играчи на Сити „Scout7“.