Напорниот ден за фудбалската репрезентација на Словенија колуминираше на официјалната пресконференција на „Тодор Проески“.

Селекторот на Словенија, Матјаж Кек одлучи да не ги почитува протоколот и правилникот на УЕФА. Прво седна на позиција која не е предвидена за гостинските селектор, одби да седне на предвиденото место, на средината пд прес конференциската маса со образложение дека баш тука сакал да седи. Тоа предизвика изненадување кај сите присутни, па и кај претставникот на УЕФА задолжен за следење на работата на медиумите за време на прескофенрецијата.

Кек Беше трврдоглав и покрај барањето на домаќинот да седне не предвидената позиција, тој категорично одби.

Кек по ова го предводеше официјалниот тренинг на Словенија на нашиот најголем стадион, па си најде за право да потсетува на правилата, реагираше дрско за протокол кој секогаш е вообичаено и редовно почитуван од претставниците на медиумите. 

Словенечката репрезентација денеска имаше проблем со полетувањето од Љубљана а потоа подолго од планираното го чекаше багажот на аеродромот во Скопје.

На ова следуваа најразлични реакции од Кек, нешто што најавува тензија пред утрешниот меч со Македонија на „Тодор Проески“ во Скопје во 7 коло од евроквалификациите.