Скандалозни видео снимки објавија руските меиуми на кои се гледа како поранешниот фудбалски репрезентативец на „зборнајата“ Роман Широков крвнички тепа судија на фудбалски натпревар.

Инцидентот се случил на натпревар во рамки на аматерски турнир. Поранешниот фудбалер на московските гиганти, ЦСКА и Спартак, со тупаници и клоци насрнал кон судијата Никита Данчеков, откако му бил покажан црвен картон.

Судијата итно бил пренесен во болница. Тој ќе остане на болничко лекување, а најави дека ќе поднесе тужба против Широков, кој во својата кариера одигра 57 натпревари за Русија.