Претседателот на Милан, Паоло Скарони тврди дека Елиот го „спасил“ Милан и смета дека извршниот директор Иван Газидис врши добра работа.

Во последните неколку денови во тимот на „росоњерие“ е тензично по отказот на спортскиот директор Звоними Бобан кој го обвини Газидис дека работи против доброто на клбот.

Јас не сум одговорен за спортскиот дел, но  ќе ја повторам приказната на Елиот, кој, го спаси клубот. Го ангажираше Газидис кој е еден од најдобрите во неговата фела. Потрошени се големи средства за засилувања, а притоа започнат е проектот за изграда на новиот стадион. Направени се големи напори, кои не се пропорционални со резултатите, но Елиот направи се што беше во негова моќ“-изјави Скарони за „Кориере Дела Сера“.