Дефанзивецот на Верона Мараш Кумбула се најде во фокусот на интересот на дури четири европски топ клуба.

Според информациите на DAZN Italia, скаутите на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ајнтрахт и на Борусија Дортмунд беа вчера на трибините и го проследија натпреварот меѓу Верона и Јувентус.

Особено е заинтересиран Манчестер Сити, бидејќи во летниот преоден рок ќе се раздели од двајца свои дефанзивци – Џон Стоунс и Николас Отаменди.