Васко Скендеровски е нов селектор на футсал репрезентацијата на Македонија, Управниот Одбор на ФФМ ја прифати оставката на Иван Божовиќ и брзо реагираше.

Скендеровски беше селектор нна футсал репрезентацијата од 2002 година до 2016, беше на чекор до пласман на Европското првенство во 2015 година и се очекуваат добри резултати во иднина со оглед на искуството.

Одлуките на Управниот Одбор на ФФМ ви ги пренесуваме во целост.

„- У.О. на ФФМ ја прифати оставката на Иван Божовиќ на местото селектор на македонската футсал А репрезентација; 

– У.О. на ФФМ го назначи Васил Скендеровски за нов селектор на футсал А репрезентацијата на Македонија. 

Васил Скендеровски беше предводник на футсал репрезентацијата од 2002. до почетокот на 2016. година. Футсал репрезентацијата на Македонија под водство на Скендеровски беше на чекор до пласман на Европско првенство 2015 година, а истата година гол разликата одлучуваше за пласманот на Македонија во бараж за Светско првенство. Со футсал тимовите на Скопје, Алфа Парф, Железарец и Велес има освоено 14 титули првак на Македонија. 

– У.О. на ФФМ донесе одлука Фудалската федерација на Македонија да донира фудбалски топки за заедничкиот проект со Федерација на училишен спорт. 110 училишта ќе добијат грасрут фудбалски топки за проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“. “